
Сателитските снимки откриваат дека Cеверна Кореја распоредила објекти кои наликуваат на балони околу оштетениот воен брод, кој минатата недела беше неуспешно претставен. На снимките се гледа како бродот, тежок 5.000 тони, е делумно потопен, а околу него има распоредено бели објекти, најверојатно за негова стабилизација или заштита од извидувачки дронови.
Најновиот севернокорејски брод-разорувач на претставувањето на 21 мај, на кое беше присутен и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, имаше дефект, крмата предвреме вплови во морето и смачка дел од трупот.
Ким инцидентот го оцени како криминален чин. Тој нареди бродот да биде поправен до крајот на јуни.
Поради инцидентот приведени се четири лица, меѓу кои и главниот инженер на бродоградилиштето.