Skip to main content

Бока: Унгарското претседавање со Советот на ЕУ беше посебно, активно и стратешко

 Унгарското претседавање со Советот на Европската унија беше посебно, активно и стратешко, изјави денеска унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока.

Претседавањето беше посебно затоа што имавме за цел да спроведеме одлучна и силна европска политика, рече Бока во видео пораката на Фејсбук.

Тој оцени дека унгарското претседателство со Советот на ЕУ било активно поради низата иницијативи на Будимпешта, пренесува МТИ.

Поврзани вести