
Началникот на белгискиот Генералштаб, генерал Фредерик Вансина, во интервју за весникот Соар, најави дека неговата земја ќе ја одложи испораката на првиот од 30-те ветени белгиски борбени авиони Ф-16 за Украина за една година.
Според него, сите рокови се поместуваат поради доцнењето на испораката на новите авиони Ф-35 од САД во Белгија, кои наместо во 2023 година ќе почнат да се испорачуваат дури до крајот на 2025 година, а треба да достигнат целосна оперативна подготвеност во 2027 година.
Истовремено, Вансина додаде дека постојат технички проблеми за испораката на авионите Ф-16и дека нивниот трансфер е комплициран и поради недостигот на резервни делови.
Побаравме од компанијата „Локхид Мартин“ да ни достави дополнителни резервни делови, но тие одбија, бидејќи тие повеќе не се произведуваат. Другите земји кои користат авиони Ф-16, исто така, одбиваат да ги споделат своите резерви на резервни делови, сфаќајќи дека тие не можат да се надополнат“, изјави Вансина.
Според официјалните информации од белгиското Министерство за одбрана, Белгија купила авиони Ф-16 од Соединетите Држави во периодот од 1978 до 1993 година. Во 2023 година, Белгија даде ветување и ја објави својата намера да пренесе до 30 свои авиони Ф-16 во Украина, но постојано го одложува тој трансфер.