Skip to main content

Автобус во Шри Ланка излета од карпа, 21 лице загина, најмалку 14 се повредени

Freepik

Во сообраќајна несреќа што се случи денеска во ридско подрачје на Шри Ланка, патнички автобус излета од карпа, при што загинаа 21 лице, а најмалку 14 се повредени, изјави заменик-министерот за транспорт и автопатишта, Прасан Гунасена.

Несреќата се случила во раните утрински часови во близина на градот Котмала, околу 140 километри источно од главниот град Коломбо, во планинскиот регион на централна Шри Ланка, соопшти полицијата.

Гунасена им изјави на медиумите дека во несреќата загинале 21 лице, а дека 14 лица се транспортирани во болници.

Поврзани вести