Skip to main content

Ауди ја затвори својата фабрика во Брисел стара 76 години, илајдници луѓе остануваат на улица

Ауди, кој е дел од автомобилскиот концерн на германски Фолксваген, затвори голема 76-годишна фабрика во Брисел и отпушти илјадници работници. Причината за таквата одлука е тоа што продажбата паѓа, а евтините кинески автомобили вршат притисок на пазарот.

Затворањето на фабриката резултира со укинувае 3.000 работни места и дојде неколку дена пред генералната секретарка на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, да го претстави широкиот акционен план за помош на автомобилската индустрија низ „длабоката и нарушувачка транзиција што претстои“.

Како што пишува весникот „Handelsblatt“, компанијата подготвува план за намалување на трошоците за да остане во живот. Ауди планира да ги намали своите материјални трошоци до 8 милијарди евра до 2030 година, како дел од акцијата за штедење,

Компанијата, исто така, има намера да ги намали трошоците за персонал за 1 милијарда евра годишно. Менаџментот ја разгледува можноста за укинување на работните места во секторите за менаџмент, продажба и технички развој, како и аутсорсинг на цели одделенија.

Поврзани вести