
Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека потпишал декларација за забрзување на доставувањето воена помош од околу четири милијарди долари за Израел.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која ја презеде функцијата на 20 јануари, одобри воени продажби на Израел во вредност од речиси 12 милијарди долари“, рече Рубио и додаде дека „ќе продолжи да ги користи сите достапни инструменти за да ја исполни долгогодишната посветеност на Америка кон безбедноста на Израел, вклучително и средства за спротивставување на безбедносните закани“.
Рубио рече дека користел итни овластувања за да ја забрза испораката на воена помош за неговиот блискоисточен сојузник, кој сега се наоѓа во кревко примирје со милитантите од палестинската група Хамас во нивната војна во Појасот Газа.