
Сите анкети редвидуваат дека Адолф Хитлер ќе победи на претстојните избори во Намибија, на 26 ноември. 59-годишниот политичар првпат беше избран во 2020 година кога доби 85% од гласовите.
Адолф Хитлер Уунона ја претставува левичарската – и порано комунистичка – Југозападна Африканска народна организација (SWAPO), која владее со Намибија откако земјата доби независност од Јужна Африка во 1990 година.
Неговото име е тежок товар – но на политичката сцена, тој сака уште една шанса. Политичарот, кој прват дојде на власт во 2004 година, очекува победа на неговата партија и покрај намалената поддршка, со што би го добил својот петти мандат. Сепак, притисокот врз Адолф Хитлер Уунона е поголем од кога било. Многу граѓани се незадоволни од недостатокот на развој во регионот.
Не го плаќаме да игра карти на работа“, го изразува својот гнев еден гласач во локалниот весник „The Namibian“.
„Не се стремам кон светска доминација.“
Политичарот стана светски познат по интервјуто за „Билд“ во 2020 година, кога Уунона изјави дека неговиот татко му го дал името на диктаторот, „веројатно и не разбирајќи што претставува Адолф Хитлер“.
Уунона го испушта своето средно име („Хитлер“) на јавни настани. Сепак, тоа се појавува на официјални документи и гласачките ливчиња.
Уунона дури и кажа дека „тој не е како својот славен имењак“. Тој вели дека нема „никаква врска“ со нацистичките злосторства. „Билд“ тогаш коментираше дека дури и членови на неговата партија се шегуваат за неговото име.

Македонски








