
Екипите на Општина Центар во текот на вчерашниот ден засадиле нови дрвја на две локации во населбата Капиштец – на улиците „Адам Мицкиевиќ“ и „Васил Ѓоргов“.
Станува збор за дрвја од видот лагистремија индика, индиски јоргован – декоративен грм со естетски ефект, компресус – зимзелени растенија што ќе обезбедат зеленило и во зимските месеци, елеагнус – вид на маслинка што со своите лисја создава ефект на жива ограда, како и јавори – листопадни дрвја што ќе ја збогатат природната средина и ќе ги подобрат визуелните аспекти на урбаниот простор.