
Кандидатот на СДСМ за општина Центар Горан Герасимовски ќе оди во втор круг заедно со кандидатот на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.
Герасимовски од срце им се заблагодари на граѓаните што гласале за него и за неговиот тим. Тој го оцени изборниот ден како успешен.
– Среќен сум што граѓаните на Центар, како и секогаш, одлучија да излезат на изборите и да донесат вистинска одлука. Центар денеска победи. Денес извојувавме убедлива победа, победивме во 95 проценти од избирачките места – рече Герасимовски.
Тој повика на обединување на гласачите во вториот круг за да се извојува победа.
