Skip to main content

Во длабока старост и со тешка болест денеска ЗОО Скопје го напушти јагуарката Инес

Фејсбук/Skopje ZOO/Зоолошка градина Скопје

За жал Инес во длабока старост не ја издржа битката со најлошата болест. Денеска нè напушти, борејќи се со метастазиран канцер и тумори на повеќе органи, соопштија предмалку од скопската Зоолошка градина.

Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиме сè што може за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи, анализи и компјутерска томографија до лекување на оваа страшна болест која одзема милиони жртви годишно, како кај луѓето, така и кај животните. Јагуарката Инес имаше 22 години, а просечниот животен век на овие величествени мачки во природата е од 12-15 години, додека во зоолошките градини најстарите животни доживуваат до 23 години. Искрено ќе фалиш на целиот тим на ЗОО Скопје и зоонегувателите кои со години се грижеа за тебе. Беше една од највозрасните жители на зоолошката и чувана со многу љубов, велат од ЗОО Скопје.

Поврзани вести