Skip to main content

Трајановски: Нашата заложба е Чаир да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет

На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Чаир се обрати носителот на советничка листа Никола Трајановски.

За кдидатската лисна на советници Трајановски рече дека тоа се личности што носат свежина, скромност, човечност, конкретни решенија, предизвици со кои што секојдневно се соочуваме во нашата општина.

Заеднички поминавме многу тешки моменти, периоди на политички кризи, поделби но и времиња на победи, рече Трајановски.

Тој потенцира дека е роден и израснат во Чаир, општина во срцето на Скопје, местото каде што е мојот дом.

Нашата заложба е локланата самоуправа да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет, рече носителот на советничка листа од ВМРО-ДПМНЕ Никола Трајановски.

Поврзани вести