Имаме луѓе задоени од чмерот на антисистемот претворени во наркодилери, убијци и тешко потплатени судии и обвинители, рече таткото на трагично убиената Фросина Тодор Кулаков во своето обраќањето пред насобраниот народ кои по вторпат на протест бараат правда за Фросина.
-Се работи за систем и антисистем. Од една страна системот ни ствара универзални вредности, правила, цивилизациски конектори, начела каде што децата се учат во домовите, во школите, во црквите. Затоа некои од нив зарадни нивниот хуманистички пристап стануваат херои на нашето време. Дозволете ми, Фросина да ја сместам во тие херои на нашето време, со солзи во очите се обрати пред насобраните демонстранти таткото на прегазената Фросина, Тодор Кулаков.
Судии, обвинители, проценители, извршители направија балкански дуќани, друштва за за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повише мито, тој добива, говореше ожалостениот Кулаков.
Другите, оние кои се задоени со чемерот на антисистемот, претварајќи се во наркодилери, насилници, убијци заедно со тешко потплатени судии, обвинители и други. Кои што судии, обвинители, проценители, извршители направија балкански дуќани, друштва за за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повише мито, тој добива. А по поравило без исклучок тоа криминалците и нивните адвокати добиваат, рече Кулаков во обраќањето пред насобраниот народ кои по вторпат на протест бараат правда за Фросина.
Фросина Кулакова на 29 јануари на бул. „Партизански одреди“ беше сммртно удрена од автомобил кој што го управувал 20годишниот Васил Јованов.