Skip to main content

Скопје со изменет сообраќаен режим во понеделник и во вторник

В понеделник и в вторник, во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржувањето на самитот ЕУ – Западен Балкан.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 30 јуни (понеделник) и 1 јули (вторник) 2025 година, поради одржување на лидерска средба на Западен Балкан, во централното градско подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим. Мерките ќе ги спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Поврзани вести