Skip to main content

Повеќе скопски училишта утрово евакуирани по добиени закани за бомба

По првичните вести дека дојави за бомби пристигнаа во центарските училишта „Киро Глигоров“ и „Димитар Миладинов“, дојави за бомби беа испратени и во неколку училишта во Општина Аеродром. Последната вест е дека дојава пристигна и во основото училиште „Григор Прличев“ во скопска Железара. 

Учениците беа веднаш евакуирани, а наставниците ги информираа родителите да си ги земат децата.

Во моментов тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР) прават проверки во школите.

Во дел од нив проверките се завршени и учениците се враќаат на настава.

Поврзани вести