Skip to main content

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

На 03.03.2026 година (вторник), во официјална посета на Република Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. г. Марк Руте, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Поврзани вести