Skip to main content

Поранешната независна новинарка од СДСМ го праша градоначалникот на Скопје кога ќе дојдат новите автобуси

Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови автобуси. Целосно ќе го нормализираме градскиот транспорт. Но ова тешко дека ќе се реализира, бидејќи и да биде успешен тендерот овојпат, потребни се неколку месеци за да се заврши процедурата.Вчера најавивте дека Владата за Град Скопје ќе набави 100 нови електрични автобуси, рече Каерина Цановска Арсовска на денешната седница.

И она што создаде конфузија дали станува за збор за оние 80 автобуси за кои пропадна тендерот летоска или станува збор за нова набавка на уште 100 автобуси? Колку нови автобуси ќе има и дали се знае кога”, праша координаторката на советничката група на СДСМ и Коалицијата, Катерина Цаневска Арсовска.

„Требаше да имаме автобуси во март, но тендерот пропадна. Јас не се плашам да се извинам ако згрешам со проценките. Сега, наместо 80 ќе бидат набавени 100. Најголем дел од нив ќе стигнат годинава. Со кредитот за БРТ покрај возила за овој превоз ќе бидат набавени и 30 автобуси, за што набрзо ќе се распише тендер”, вети градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Поврзани вести