
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, победи во вториот круг од локалните избори за градоначалник на Скопје. Според речиси конечните резултати на Државната изборна комисија, по преброени 98,55 отсто од гласовите, Ѓорѓиевски освоил 94.214 гласови, наспроти Амар Мециновиќ од Левица, кој добил поддршка од 59.959 граѓани.

Бројот на неважечки ливчиња во вториот круг е 10.104.

Македонски







