
Сотир Лукровски како кандидат за градоначалник на Карпош со видео порака до карпошани ги повика да излезат и да гласаат:
Постои една стара изрека која вели, доколку не напредуваш, не значи дека стоиш во место. Ти назадуваш.
Токму така се осеќав јас во последните години, и токму затоа решив да се кандидирам. Карпош е убава општина и за тоа се заслужни плеада на карпошани на кои сме им благодарни низ историјата.
Но, тоа не е случај со последната општинска власт која во својот мандат не стори ништо за општината, туку само лична корист. Во изминатите неколку недели, се видов со многу од вас граѓаните, посетив здруженија, експерти од сите области. Во Карпош ни дојдоа бројни министри од сите ресори и на основ на тие средби ја направив нашата програма.
Не сакам лично да ве убедувам во ништо. Јас не сум човек политичар. Решив да направам нешто од општествена корист. Доколку ја делите мојата енергија, визија, подготвеност и спремност, ве молам на 19 октомври да заокружите број 9. Доколку мислите спротивно, не се лутам.
Меѓутоа, верувам дека во Карпош постојат луѓе, кои заедно со мене, заедно со љубов за Карпош, можат да направат многу повеќе.
Ви благодарам, вели Лукровски во видео обраќањето