Skip to main content

Лабудовиќ го промовираше проектот „Феникс“ – новото срце на Центар, симбол на надеж, заедништво и иднина

Центар добива нов симбол – плоштад кој ќе го обедини градот и ќе внесе нов живот во секој негов дел.
Со голема гордост и возбуда ја најавуваме реализацијата на проектот „Плоштадот на заедништвото – ФЕНИКС“, модерен, зелен и жив плоштад кој ќе стане новото срце на Скопје и гордост на центарци.

ФЕНИКС е симбол на обнова, нова енергија и заедништво. Место каде што ќе се среќаваат луѓето, ќе се создаваат спомени и ќе расте духот на Центар. Со овој проект градиме иднина што инспирира, поврзува и обединува,изјави Мирослав Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ.

Проектот ФЕНИКС ќе биде современ, зелен и инклузивен простор, каде уметноста, културата, музиката и животот се спојуваат во едно.

Плоштадот ќе биде отворен простор за културни настани, концерти, изложби, семејни активности и дружења, создавајќи ново место за живот и инспирација во срцето на градот.

Овој проект не е само урбанистичка замисла – тоа е визија за град по мерка на човекот, каде архитектурата, природата и заедништвото се дел од истата приказна.

Со модерна пешачка зона, зелени површини и простор за одмор, ФЕНИКС ќе го врати она што најмногу недостига – чувството на припадност, мир и убавина во средиштето на градот.

Особено важно е што во рамки на проектот се предвидени подземни паркинг места, со што конечно се решава еден од најголемите предизвици за жителите на Центар и се ослободува јавниот простор за пешаци и зеленило.
ФЕНИКС е новата енергија на Центар – симбол на град што се подига, се обновува и повторно верува во себе. Тоа е место каде што ќе се среќаваат генерации, ќе се раѓаат идеи и ќе се гради иднината.

Поврзани вести