Skip to main content

„Кандидат од СДСМ гради дивоградба во Центар“ – Ова е доказ за лицемерието на Герасимовски, обвинува ЗНАМ

На советничка листа со кандидати за советници од СДСМ за Општина Центар има луѓе кои влегуваат во политика само за да си ги спасат сопствените дивоградби. Обвини денеска на прес конференција Никола Мемов, портпаролот на ЗНАМ.

– Ова е второто лице на градоначалникот на СДСМ од Центар, Горан Герасимовски – лицето на човек кој е спремен да ги гази законите, да ги злоупотребува институциите и да ја претвори општината во сервис за партиски и лични интереси – обвини Мемов.

Тој рече дека во неговиот мандат дивоградбите во Центар не само што не биле искоренети, туку и се намножиле, и тоа врзани со луѓе блиски до неговата партија, СДСМ.

– Го прашуваме градоначалникот на Општина Центар од СДСМ, Герасимовски дали Газменд Максимовски, вработен во Општина Центар со договор за дело, и воедно кандидат за советник од СДСМ, добил бесправно одобрение за градба на ул. Самоилова? Дали тоа е истиот Герасимовски кој пред јавноста бараше измени на Законот за градење и заплена на дивоградбите, а зад кулиси му овозможувал на свој човек бесправно да гради? Дали тоа не е најјасен доказ дека сите негови настапи беа само евтин пи-ар, театар за јавноста и голема измама за граѓаните на Општина Центар? Додека секој граѓанин мора да ги почитува процедурите, да поднесува документи, да чека дозволи и да плаќа општински давачки, луѓето на СДСМ имаат привилегии. Тие се изземени од законот, тие можат да градат како сакаат, затоа што имаат зелено светло од Герасимовски – рече Мемов, додавајќи дека на изборите на 19 октомври, „граѓаните ќе му стават крај на ова лицемерие и ќе му ја покажат вратата на Герасимовски и на целата негова екипа“.

Поврзани вести