Skip to main content

Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот

Град Скопје

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб, информираат од Град Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски потенцира дека од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот.

фото: Град Скопје

Снегот не е изненадување во зима – подготвеноста е наша обврска! Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот. Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки, напиша Ѓеорѓиевски на социјалните мрежи.

фото: Град Скопје

Безбедноста на граѓаните, посочува градоначалникот, е наш приоритет и затоа, апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината и начинот на возење на зимските услови.

Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа – Скопје се движи безбедно и во зима, наведува Ѓеорѓиевски.

Поврзани вести