
Во општина Центар, по обработени над 94% од избирачките места, кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски, е во убедливо водство со 52,72% од гласовите (10.429 гласа).
Неговиот противкандидат, Мирослав Лабудовиќ од Движење ЗНАМ, доби 38,31% (7.578 гласа).

Со ова, Центар останува под контрола на СДСМ, и тоа како една од ретките општини во Скопје каде владејачката партија го задржа влијанието, додека ВМРО-ДПМНЕ доминира во останатите делови од главниот град.

Македонски







