Skip to main content

Деца од Гази Баба сами го исчистија спортскиот терен

Ѕид на Општина Гази Баба

По силното невреме со силен ветер и дожд, што вчера го пеплоса Скопје, без ничија организација или повик, неколку деца од Гази Баба самоиницијативно се зафатиле со расчистување на спортскиот терен што го користат, отстранувајќи ги гранките и отпадот што останале по невремето. Нивниот гест за пример беше споделен во групата „Ѕид на Општина Гази Баба“.

После дождот сонцето доаѓа, дечките само иницијатовно си го исчистија и својот терен, отпадоците беа запрепастувачки, гранките ги изчистија од невремето. Си имаме ние и добри момци, воспитани и грижливи за својата средина!, се вели во објавата.

Поврзани вести