
По повод 20 години општина Бутел, на предлог на градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, а со одлука на Советот на Општина Бутел беа доделени плакети за почесни граѓани и благодарници на истакнати работници кои несомнено допринесоа за општина Бутел.
Меѓу нив се најдоа спортистите Елиф Елмас (репрезентативец), Масар Омерагиќ (претседател на ФФМ) и Шабан Трстена (борач) освојувач на олимписки медал за Македонија, како и познатиот нефролог, д-р Игор Николов, кој воедно е и претседател на Советот на оваа Општина.
Во своето гостување во В ТВ, д-р Николов посочи дека претставува чест да се добие ова признание од Општината во која израснал и за која го врзуваат убави спомени.
Прославивме 20 години од Општината. На иницијатива на градоначалникот и Советот на Општина Бутел, објавивме бројка на почесни граѓани на општината и имав чест да бидам дел од таа група. Тоа е чест, еден исход на долготрајно дејствување, присуство и признание за сета она посветеност која ја имам дадено за Општината во последните 3,5 години, заедно со градоначалникот и локалната самоуправа. Секако и од претходно, од една Општина која на сите нас и е драга, во која сме израснале, сме го поминале деството и во која имаме убави спомени. Од друга страна Општината ни се заблагодарува за нашиот придонес, како за општината, така и за државата – изјави Николов.