Skip to main content

Зградата на „Комитет“ во Куманово ќе се враќа под владение на општината

Поведена е судска постапка против политичките партии и правите субјекти кои го користат просторот во зградата во центарот на Куманово „Комитет“, информираше на последната седница на советот, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Општината добила писмено известување од државното правобранителство дека субјектите кои го користат просторот ќе треба да го ослободат просторот и зградата ќе биде под владение на општина Куманово.

Владата пред дваесетина години има донесено одлука зградата на поранешен комитет да се даде на користење на општина Куманово општината никогаш со овој простор го нема ставено под владение. Има одлука на Влада од 2006-та година. Се обративме во неколку наврати до правобранителство и конечно пред три месеци правобранителството се одважи, поднесе писмено известување против правните лица во оваа зграда и дополнително и конечно против политичките партии да го ослободат просторот за да може општината овој имот да си го стави под владение, информира градоначалникот Максим Димитриевски. 

Тој потсети дека за подземната гаража воделе неколкугодишен судски спор и рече дека во интерес на општината е објектот да биде под нејзино владеење. Инаку, правните субјекти, склучиле договор со претходниот градоначалник за закуп на просториите.

Во моментов „Комитет“ е ничија земја, вели Димитриевски.

Зградата сместена во центарот на Куманово е изградена во 1976-та година од повеќе организации. 

Поврзани вести