
Во однос на решавањето на проблемот со Бугарија, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски нагласи дека најдобро е тоа да се постигне со политичка влада која ќе има целосен легитимитет. „
Гледајќи низ призмата на лошата пракса од минатото, сметаме дека разговорите треба да се водат со влада со целосен политички легитимитет,“ истакна министерот во „Топ тема“.