Skip to main content

Вреди: Изборите се одржуваат во демократска атмосфера и без инциденти

До овој момент изборите се одржуваат во мирна и демократска атмосфера, без пријавени инциденти, притисоци и без агитации на гласачките места. Вака го оцени денешниот изборен ден портпаролот на изборниот штаб на ВРЕДИ, Дритон Суљејмани.

Суљејмани нагласи дека ова е позитивен сигнал дека земјата влегува во фаза на демократска зрелост каде што, како што рече, почитувањето на волјата на граѓаните е пред се.

-Коалицијата Влен оценува дека процесот се одвива нормално и ги повикува одговорните институции да продолжат со професионализам, транспарентност и непристрасност во управувањето на денот на изборите, рече Суљејмани на денешната прес-конференција.

Ги повикасите граѓани кои се уште не гласале, да го остварат своето уставно право и да го дадат својот дел од овој демократски процес.

-Секој глас е важен. Секој граѓанин има своја тежина во донесувањето на одлуките. Да докажеме денес дека знаеме како да гласаме мирно, со достоинство и со одговорност за иднината на нашите општини, рече Суљејмани.

Поврзани вести