
Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана продолжува со организирање курс по македонски јазик, како изборен предмет. За таа цел факултетот вчера објави оглас, на кој, до 28. овој месец ќе може да се пријават сите заинтересирани студенти.
Во рамки на соработката на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, Македонија ве информираме дека во тек е уписот за македонски јазик, како вон наставен предмет, стои во објавата на факултетот.
Во објавата се додава дека курсевите се бесплатни за сите студенти на Универзитетот во Тирана, а наставата ќе ја изведува Славица Свидерска, професор од универзитет во Скопје.

На крајот на курсот, сите студенти ќе добијат сертификат за соодветно стекнато ниво на познавање на македонскиот јазик, а добиените кредити ќе бидат внесени во додатен документ со дипломата.
Вон наставните програми за странски јазици се иновација и можности повеќе за студентите на Универзитетот во Тирана и имаат за цел да обезбедат богато и совршено искуство за сите вас кои сакате да го продлабочите своето јазично знаење и култура, се наведува во објавата.
Пријавувањето од понеделник до четврток е од 8:30 до16:30 и во петок од 8:30 до 14 часот во Факултетот за странски јазици или на електронска адреса qendra.gjuhevetehuaja@unitir.edu.al, а информации може да се добијат и на телефонскиот број +355 4 2452610.
Курс по македонски јазик првпат беше организиран на почетокот на минатата година, кого успешно го завршија над 20 студенти.