Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Пругата Куманово – Бељаковце, која што денес беше пуштена во употреба не е на СДС, туку на граѓаните на Македонија

Пругата Куманово – Бељаковце, не е во приватна сопственост на СДС, ниту пак на ниту една политичка партија, туку на граѓаните на оваа држава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на опозициската СДСМ.

Соопштенијата кои што ги праќа СДС до јавноста, каде што се фалат што имаат они сработено, а видливо е за граѓаните што тие направија изминативе 7 години, се крајно лицемерни и неточни.

Па затоа да ги потсетиме граѓаните, колку тие мислеле на истите и што имаа направено изминативе години власт, заедно со нивниот криминален и коруптивен партнер ДУИ.

Железничкиот сообраќај никогаш не бил полош во нивното владеење. До толку не и беше грижа на СДС и ДУИ за железниците, па поставуваа келнер да ја води оваа институција.

Укинуваа домашни возни линии, немаше воз на релации Скопје-Кичево, Скопје-Кочани, немаше никаква набавка на нови возни гарнитури, доцнеа и не им беа исплаќани плати на вработените, штрајкови се правеа на сите страни, а од власта на СДС и ДУИ, само молк.

Граѓаните, имаа дадено оценка од 2,91 за 2023, и 2,76 за 2022, за тоа како се задоволни од македонски железници.

За разлика од порано, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, за 2011 година, 1,4 милиони граѓани користеле услуги, односно го користеле возот како превозно средство, а во 2023 година, кога СДС била на власт, околу 260 илјади граѓани ја користеле оваа опција.

ВМРО-ДПМНЕ, имаше јасна визија за железниците. Набавени беа 150 нови товарни вагони, 6 нови патнички возови, 4 електрични локомотиви, комплет тест опрема за дијагностика во одржувањето, комплетно реновирање на халите за одржување на железничките возни средства итн. СДС и ДУИ, не успеаја ниту да го одржат сето ова.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува посветено да работи за подобрување на железниците во државата!

Поврзани вести