Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ најавува зголемување на бројот на општини на локалните избори

Ивица Томовски од СОЗР

Директорот на Службата за општи и заеднички работи и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски, гостуваше во ,,Само интервју“ на телевизија Канал 5. Тој говореше за претстојните локални избори и ги прецизираше критериумите и филтрите кои кандидатите за градоначалници треба да ги исполнат. Томовски додаде дека бројот на општини каде ВМРО-ДПМНЕ  ја има локалната власт, не само што ќе се повтори , туку истиот ќе биде и зголемен.

Томовски го отповика Филипче да ги покаже анкетите кои тој изјави дека ги има на јавноста, со цел да се обзнани од каде се истите.

,,Не покажал никакви анкети, го отповикувам јавно да ги обзнани кои се тие анкети и да ги видиме, да видиме дали се од некоја меродавна институција која што може да ги даде тие анкети. Но, јас ве убедувам дека не е тоа така, бидејќи доколку беше тоа така уште вчера ќе имавме протести по улиците и барање на предвремени парламентарни избори“, вели Томовски. 

Томовски објасни дека во претстојниот период, не само што ќе биде повторен истиот број на општини каде што актуелни се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, туку ќе биде и зголемен, особено сега, кога се случува градежна експанзија низ целата држава. Тој додаде и дека кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, најпрво треба да исполнат три параметри.

,,Кандидатите кај нас треба да поминат филтер, односно треба да исполнат три параметри. Првиот параметар е да поминат на анкети на анкети на јавно мислење. Се отпочнуваат постапките, ќе почнат да се прават и анкетите. Прво да видиме народот што мисли за тие кандидати бидејќи имаме потенцијални, истите кандидати, и плус имаме нови потенцијални кандидати“, истакна Томовски.

Томовски посочи дека еден од параметрите е градоначалниците да бидат поддржани од самата структура внатре во партијата.

,,Вториот параметар е да ги поддржи структурата односно партиските општинските комитети месните комитети. Онаа наша база која што традиционално ја прашуваме и го креираме мислењето за потенцијални кандидати. И резултатите, оние релевантни резултати, кои што ги постигнале до сега“, прецизираше Томовски.

Поврзани вести