
Венко Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество, мекотелите се тврди карпи во споредба со националната и исплакната свест на Филипче. Лагодно си кажа дека Бугарите сме требале да ги внесеме во Уставот, без Македонија да добие ништо. Тоа значи дека Филипче самиот кажа дека е на услуга на бугарската држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Што се однесува до темата Груби, видливо е од месечината дека Филипче е уплашен, особено од тоа што Груби, ортакот во секој криминал на Заев и Филипче може да каже не само за нив двајца туку и за Оливер Спасовски, Миле Зечевиќ и редица други криминогени структури, се наведува во нивното соопштение.
Владејачката партија посочува дека што се однесува до мешањето во судството, Венко Филипче и Зоран Заев се архитектите на најголемите упади и политички прогони во Македонија од комунистичкиот режим до сега.
-Не ВМРО-ДПМНЕ, не политичари, туку обвинители сведочеа дека Заев и Шекеринска ги гледале во СЈО како нарачуваат предмети и седат со обвинители. Од тогаш е погребана правдата која сега ќе оживее. Правда ќе има без оглед на нервозата на Венко, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонски



