Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетите на институциите за СДС биле непресушен извор за богатење на поединци, и Пеце Мирчевски СОЗР ја користел за личен профит

Државните институции на СДС му служеа за лично богатење. Седум години власт, буџетите на институциите СДС ги користеше како непресушен извор за богатење на поединци, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку наместени тендери ги празнеше државните буџети на институциите, а парите завршуваа кај лица од СДС или на нив блиски лица. Тоа е карактеристика на лицата кои што СДС ги поставуваше на раководни државни позиции.

И поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски е еден од нив. Тој, Службата за општи и заеднички работи при македонската влада, ја користел за личен профит. Преку нивниот кадар Мирчевски, СДС го празнеле буџетот за тендери кои се доделувале на нивни блиски лица.

Тоа го увидело и Јавното обвинителство кое покрена и обвинение во констатирале дека Пеце Мирчевски од СДС во период од во период од 09.06.2021 година до 13.06.2024 година, свесно и умисла во повеќе наврати извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши.

Односно, станува збор за потпишување на пет договори за јавни набавки со фирма од Скопје, во сопственост на нему блиско лице, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси и не се изземал од истите постапки за јавни набавки.

Мирчевски во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект кој ги добил тендерите од СОЗР, со негов личен потпис.

Со овој начин на постапување, Пеце Мирчевски директор на СОЗР, сторил кривично дело примање поткуп по член 357 став 1 и став 3 од Кривичниот Законик.

Од се ова може да се види дека СОЗР, наместо да се користи за добро управување на ресурси и да се користи во корист и служба на граѓаните, била користена за лична корист и богатење на Пеце Мирчевски“, потенцираа во денешното соопштение.

СДС и Пеце Мирчевски со двете раце се фатени во криминал. Едно по едно, на виделина излегуваат сите злоупотреби кои СДС и нивните функционери ги правеле изминативе седум години, велат од партијата.

За ваквите криминални дејствија на лицата од СДС, на кои службата на раководните позиции во државните институции им била само за лична корист и богатење, одговорност ќе има, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести