Skip to main content

Влада: Информациите за набавка на овошје и зеленчук објавени во јавноста не се точни

Владата реагира на неточните информации за набавка на овошје и зеленчук. Таквите дезинформации се со цел да се креира лажна слика, и да се манипулира вистината, иако изворот на такви дезинформации е добро запознаен со фактичката состојба.

Времето на државна „јагма“ како што постоеше за време на минатата власт, заврши.

Не е точно дека набавката ја прави Владата, туку редовната набавка ја спроведува Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и истата е наменета за непречено функционирање на рестораните во сопственост на СОЗР.

Оваа набавка се спроведува долги години по истиот принцип, како што е случај и со секој ресторан во државата, кој мора да располага со различни прехранбени продукти, иако некои од нив не секогаш се користат. 

Сакаме да потенцираме дека производи како манго, аспарагус и слични специфични намирници никогаш не биле набавени или нарачани од страна на фирмата која ја добила јавната набавка. Доколку постои барање од одредена висока меѓународна делегација кое вклучува вакви продукти, само тогаш тие би биле набавени согласно потребите.

Важно е да се напомни дека производите што се набавуваат се наплатуваат од крајните корисници. Или за споредба: во периодот од 01.01.2024 до 01.07.2024 година, кога Владата беше предводена од СДСМ, пријавениот промет во рестораните изнесуваше 73.257 MKD. Од 01.07.2024 до 31.12.2024, под раководство на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пријавениот промет достигна 1.263.582 MKD.

Во 2024 година, јавната набавка за овие продукти заврши со аукциска постапка во износ од 2.625.000 MKD. За споредба, истата набавка во време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изнесувала 2.190.045 MKD.

Економските показатели ја потврдуваат намерата на владата да работи одговорно, транспарентно и без непродуктивни трошоци. Воедно напомнуваме дека и цените на услугите и јадењата на СОЗР беа поскапени со цел да нема привилегирани во поглед на користењето на истите услуги.

Поврзани вести