
Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност Мохсен Резаеи во интервју за Ал Џезира соопшти дека Иран им ги претставил на посредниците своите услови за продолжување на преговорите за ставање крај на војната со САД.
Условите вклучуваат прекин на непријателствата на сите фронтови, одмрзнување на иранските средства и укинување на поморската блокада, изјави Резаеи.
Тој додаде дека се во тек консултации со катарски и пакистански пратеници, а официјален Техеран очекува одговор од американскиот претседател Доналд Трамп.

Македонски


