
Сестрата на бегалецот од правдата и ексдиректор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, Вјолца Бајрами, инаку вработена во службите во Собранието, во јавен пост на „фејсбук“ му го честита роденденот на нејзиниот брат, „нејзината сродна чиста душа“.
Среќен роденден на мојата сродна душа. Ти си гордоста на семејството, се ќе се заврши како твојата чиста душа. На повидок е крајот на оваа политика. Остани силен и смирен, те чува Бог заради добрите дела што ги имаш направено. Ние и Бог знаеме на колку семејства си помогнале. Те сака твојата сестра и многу сум горда на тебе. Следниот роденден ќе го прославиме заедно, напиша таа на „фејсбук“.
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра.