![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/zoran-vitanov-zoran-vitanov-2.jpg)
Зоран Витанов ја коментира одлуката на Апелациониот суд, со која новинарката Билјана Секуловска изгуби за клевета за емисиите посветени на фирмите на „Лајонес“.
Се сеќавате ли на емисијата каде „новинарката” Билјана (Ива) Секуловска тврдеше дека сме „под истрага” и направи две ТВ емисии за нас без да имаме можност ние да си ја кажеме вистината? Значи прави емисии и нè клевети без притоа да сака да слушне што НИЕ имаме да кажеме за нејзините клевети? Ептен профи, нели?
Е па деновиве (за чудо) Апелација почна да работи и мораше да пресуди, икао некои лобираа предметот да стои во фиока!
„Новинарката” изгуби и сега ќе си се соочи со сета материјална одговорност!
Да, ни нанесе голема штета, затоа што успеа преку ТВ да дезинформира голем број на луѓе, кои поради нејзините клевети се предомислија во одлуката на секое купување да добиваат минимум 3.000 мкд месечно. Штетата е евидентирана и ќе биде компензирана!
Кој и беше мотивот да клевети? Ќерка ѝ студира во Грац, каде што е седиштето на нашата компанија и најбезобразно нè уценуваше ако не ѝ платиме за трошоците на ќерка ѝ, таа ќе измислсува емисии против нас.
Зошто не реагира Обвинителството? Не знам, за сега Апелација проработи, чекаме да видиме дали и Обвинителството ќе проработи!
Вие, драги мои, ВНИМАВАЈТЕ КОГО СЛУШАТЕ!, порача тој.