Skip to main content

Венко е добар за ВМРО-ДПМНЕ,но штетен за Македонија

Наместо да глумат жртви, како еден лик кој ставаше рака на срце според рецепт од пазарите од Горни Милановац за намамување на купувачи со лажна понизност, нека се запрашаат… и да наброиме афери.На Богданка и Венко не им сметаше Артан Груби, ниту мафијата од Грчец, ниту клановите во здравството и енергетиката и градежништвото кои ја уништија државата, не им сметаа ниту фабриките за марихуана, ниту плантажите во Африка за овошје на кланот Дубаи, ниту кулите во Дубаи, се тоа е супер. Ама им смета кога некој ќе говори за тоа гласно и ќе ја прозива нивната дволичност, лицемерие, лоповлук и матни зделки, oбјаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Кланот Дубаи е најмафијашката организација која е метастазирана по целиот систем и наша одговорност како граѓани на оваа земја, кои и мислат добро на државата и сакаат да воведат ред и систем, е да се справиме со овој мафијашки клан со пипци низ судство, обвинителство, партиите, одредени фирми па до улиците низ градовите и уличните банди. Таа бандитска мрежа постепено ќе ја размонтираме и се ќе биде на очиглед на јавноста, транспарентно.

овие кукања на СДС Дубаи се само одраз на страв и паника

Сигурно им стигнале и новите анкети, според кои тие имаат историски 100 илјади гласови и се на пат да станат четврта партија во државава. И сега мислат дека со заострување на реториката и навреди и глупави необмислени соопштенија ќе променат нешто. Не се менува со зборови туку со дела. И битно е кој ги кажува тие зборови. Затоа што вашите зборови им се јасни на сите дури и кога лажете. Затоа што сте ги прелажале луѓето 100 пати и нема да ви дозволат повторно.

Поврзани вести