Skip to main content

Велјановски: Политички монтираната интерпелација не помина, Тошковски продолжува бескомпромисно да се бори против криминалот и корупцијата

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеникот Александар Велјановски, кој дискутираше за седницата во Собранието на која се расправаше за интерпелацијата од страна на Левица, за министерот Панче Тошковски, притоа тој даде свое видување, истакнувајќи дека таа претставува политичка некрофилија и евтина театарска претстава од  Левица за собирање политички поени.

Политичка некрофилија, политички монтирана интерпелација, која што немаше суштина и којашто немаше за цел да ја постави одговорноста на министерот Панче Тошковски на отворена сцена, туку да одработи за политичките потреби на опозицијата во случајот Левица. Не е во ред втор пат во период од три месеци да се поднесува интерпелација кон  министерот за внатрешни работи Панче Тошковски којшто е најдобро рангираниот министер кој работи во насока на откривање, зацврстување на правото и на правдата и гонење на криминалот“, рече Велјановски.

Тој посочи дека интерпелацијата била поднесена со намера да се нанесе штета на министерот Тошковски и на Владата, од страна на опозицијата, но исто така наведе и дека Владата е стабилна, со што продолжува бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата.

Во однос на интерпелацијата морам да кажам дека беше поднесена сама за себе, дека таа беше еден инструмент една подадена рака од Левица кон ДУИ и кон СДС за да се нанесе штета на работењето на Министерството за внатрешни работи, да се дестабилизира Владата. Владата е стабилна министерот за внатрешни работи е подготвен да се соочи со сите предизвици и да стави крај на криминалот и корупцијата и сè додека трае истрагата, нечовечки е да се прават вакви евтини театарски претстави“, истакна Велјановски.

Исто така, во поткастот пратеникот потенцираше дека министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја има сета поддршка од граѓаните во Македонија и дека на дело се гледаат резултатите од неговото успешно работење и справување со криминалот и корупцијата. 

Македонскиот народ му дава огромна поддршка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, да продолжи силно, недвосмислено и директно да се бори против криминалот  и корупцијата. Навистина, периодот којшто измина и којшто е позади нас, сите сме сведоци дека имаше безброј акции каде што полицијата се справуваше со криминалот со корупцијата, да започнеме од апсењето на мафијашки структури којшто беа страв и трепет за граѓаните. Тоа е одлика на една неприкосновена борба против криминалот и едно настојување да се воведе ред“, вели Велјановски.