Skip to main content

Уште еден пациент кој се лекуваше во Литванија почина, бројот на загинати во пожарот во Кочани се искачи на 61

Почина уште еден пациент од пожарот во Кочани кој се лекуваше во Литванија. Тој е 61-та жртва од трагедијата во Кочани. Минатата недела почина и управителот на дискотеката Александар Карадаковски.

Во пожарот во Кочани беа повредени околу 200 лица од кои дел беа пратени на лекување во странство.

Повеќе детали се очекува за кратко да соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

Поврзани вести