Skip to main content

Три закони за високо образование и наука наскоро ќе бидат поставени на ЕНЕР

МОН

Новиот закон за високо образование, Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистржувачка дејност ќе бидат поставени на Националниот регистар на прописи (ЕНЕР) идната недела или најдоцна до крајот на месецов.

Очекувам дека на ЕНЕР ќе бидат ставени на 25 декември, ако не бидат на 25-ти, гарантирам дека ќе бидат до крајот на годинава и ќе останат на ЕНЕР подолго од законскиот рок од 30 дена. Ние ќе ги оставиме подолго, ќе организираме јавни расправи на сите јавни универзитети и јавна расправа во Собранието, ќе ги прибереме сите забелешки, изјави министерката Весна Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето научно-истражувачки центар „Знаење+ СО2-“ на Градежниот факултет во Скопје.

Како што рече, според искуството за законите за основно и средно, кога биле стинати околу 3000 предлози, кои делумно се повторувале или различно биле формулирани, очекува сугестии и предлози да има и за овие три закони за високото образование.

Очекувам да имаме конструктивни забелешки, се што може да прифатиме, ќе прифатиме, а тоа што нема да може да го прифатиме, аргументирано ќе го објасниме, посочи Јаневска.

Со нив се очекуваат значајни промени во високото образование, а и во науката во која, рече таа, „вложуваме многу повеќе од претходно“.

Круна во научно-истражувачката дејност би требало да биде формирањето на првиот научно-технолошки парк во Македонија, додаде министерката.

Поврзани вести