Skip to main content

Тошковски од Охрид: За 20% зголемен бројот на патници на охридскиот аеродром, СВР Охрид и РЦ Запад подготвени за безбедна туристичка сезона

МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на СВР Охрид и Полициската станица за граничен премин „Св. Апостол Павле“ на која се наоѓа Аеродромот во Охрид.
Позитивна констатација од посетата е дека имаме зголемување на патниците на овој граничен премин, како и на сите гранични премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.

За споредба со истиот период лани, оваа година имаме за околу 20% зголемен број на патници на граничниот премин на Аеродромот а за околу 30% на граничниот премин „Блато“ кај Дебар. Се фокусираме на зголемување на техничките услови и човечките капацитети со кои ќе можеме соодветно да одговориме на овој зголемен број на патници коишто го имаме во овој временски период. Добро е што имаме зголемена размена на туристи и сакаме тој број контактно да расте, што повеќе туристи да ги видат убавините на Охрид и Македонија, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни предуслови да може сите туристи во претстојната сезона да бидат безбедни и уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територијата на целата држава. 

Поврзани вести