Skip to main content

Тошковски: Нема наши и ваши, туку одговорни и неодговорни

Министерот за внетрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека полицијата во соработка со Обвинителството ќе го истражат секој детал поврзан со трагедијата во Кочани. Според него секој што директно или индиректно е поврзан со настанот и смртта на 59 лица, ќе биде повикан на одговорност. Како што додаде тој, поделби на наши и ваши нема туку постојат само одговорни и неодговорни.

„Сакам да ја уверам јавноста дека секој еден детал поврзан со кривично правниот настан, должност е на Јавното обвинителство во соработка со МВР да го утврди и соодветно да го процесуира. Тоа и ќе го сториме…Но, мораме да почитуваме процес на правда и мораме темелно и постепено да ја работиме истрагата“, рече Тошковски.

Тој додава дека оваа трагедија повикала на целосна мобилизација на сите институции.

Поврзани вести