Skip to main content

Таравари: Мицкоски со право бара одредени услови за Уставните промени, без ВМРО-ДПМНЕ тие не може да се случат

Премиерот Христијан Мицкоски со право има одредени услови кои што ги бара за да се случат Уставните промени и мислам дека сосема е во право за тоа. Без согласност од ВМРО-ДПМНЕ не можат да се случат Уставни промени, истакна министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање.

Треба да видиме кои се можни опции за да се помогне овој процес од сите страни, за да Македонија што побрзо ги започне преговорите со Европската Унија, додаде Травари.

Напомена и дека Алијанса за Албанците не излегува од Влада.

Не планираме такво нешто, подвлече Таравари.

Поврзани вести