Skip to main content

Таравари: Алијанса за Албанците ќе ја напушти Владата ако премиерот смета дека не сме потребни

Facebook/Arben Taravari

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, кој е и министер за здравство, денеска од Куманово рече дека доколку премиерот Мицкоски смета дека се непотребни, ќе ја напуштат Владата.

Таравари кажа дека веќе разговарал со Мицкоски околу ситуацијата во колациијата ВЛЕН.

Како политичка партија одлучивме да излеземе со сопствени советнички листи, исто како што одлучи и ЗНАМ, но во една меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ. Истото го понудивме и на ВЛЕН, и гледам големи реакции од тоа што остана во ВЛЕН. Мораме периодов да бидеме внимателни и порационални, затоа што станува збор за политика. Ако во ВЛЕН се одлучни за она кое го зборуваат минатите денови, тогаш ние како партија ќе ги видиме нашите опции за кандидатите за градоначалници – рече Таравари.

Во однос на Владата, Таравари истакна:

Владата ја прави премиерот. Разговарав со премиерот, и повторно ќе разговарам. Ако смета дека Алијанса за Албанците не е потребна, нема проблем. Лично сметам дека партијата е потребна. Не може никој друг да каже освен премиерот. Не треба да брзаме – изјави министерот за здравство.

Поврзани вести