Skip to main content

Таравари: Алијанса на Албанците дефинитивно на локални оди сама со свои кандидати

Министерство за здравство

На вечерашниот состанок што го одржа Централното претседателство на Алијансата за Албанците (АА), предводена од Арбен Таравари, во партиското седиште во Тетово, беше донесена одлука партијата да настапи со посебни листи на претстојните локални избори.

Според одлуката, АА ќе ги дефинира своите позиции независно од коалицијата „Вреди“, со фокус на самостојна политичка понуда кон граѓаните.

Кандидатите за градоначалници допрва ќе се утврдуваат, а изборот, како што велат од партијата, ќе се темели на квалитетот, капацитетот и довербата што ја уживаат потенцијалните кандидати во локалните средини.

Поврзани вести