
„Супорт Кочани“ не се препознава во коментарот на премиерот.
Сигурно мисли за некое друго здружение, ова е дел од одговорот на волонтерите на „Сапорт Кочани“, што го лиферуваат до медиумите по вчерашниот говор на премиерот Христијан Мицкоски на прославата на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Велес“, велат од здружението.
Премиерот во својот говор рече дека граѓанско движење за помош на Кочани полека преминува во политичко движење.
Доколку можеме било како да помогнеме знаете каде можете да не’ најдете и контактирате. Да бидеме дел од политичка реторика и препукување е рецепт како можете да го убиете ентузијазмот на оваа група луѓе која стана заедница“, се вели во соопштението од „Супорт Кочани“.
Оттаму додаваат дека ништо нема да им застане на патот на солидарноста за сограѓаните, другарите, браќа и сестри што настрадаа во „Пулс“, а како што велат во соопштението „најмалку тоа треба да биде државата или политичките чинители“.