Skip to main content

Студентите на УКИМ со молк денеска го почнаа заедничкиот час на платото на Универзитетот

Студентите на УКИМ денеска во 12 часот на платото на Универзитетот одржуваат организиран заеднички час за искажување сочувство кон жртвите што настрадаа во вчерашниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Како што соопштија од Универзитетско студентско собрание при УКИМ, на заедничкиот час ќе се даде и поддршка за побрзо закрепнување на повредените.

Пред студените се обрати и минисерката за образование, Весна Јаневска кој им даде поддршка и го поздрави овој начин на делување на студентите бидејќи како што рече тоа говори за нивната свесност, хуманост и значи делување не само во доброто, туку и во тагата.

Од Универзитетско студентско собрание најавуваат дека заедничката настава и собирите ќе продолжат секој ден сè до 21 март, а во однос на локациите и времето на собирите дополнително ќе информираат.

Поврзани вести