
Студентскиот пленум не доби поддршка од студентите кои ја препознаа политичката игра и манипулациите по вчершаното видео кое се појави на социјалните мрежи во кое се гледа како обучувач од протестите во Србија, држаи онлајн предавање за студенти за организирање на пленум и во Македонија.
Воедно тие малкумина кои се собраа денес околу 20 на број ги избркаа и медиумите.
Денеска во 13 часот беше платото на кампусот на УКИМ, каде беше најавена средба на студентски пленум во организација на Самостојниот студентски сојуз на УКИМ.
Студентите од околните факултети беа само случајни минувачи кои немаа намера да присуствуваат на собирот.
По десетина минути студент со мегафон излезе од зградата на Филозофскиот факултет и ги повика студентите да влезат во салата на Филозофскиот факултет.
Српскана опозиција ОО Врање нека си ја води битката во своите дворови. Во Македонија нема место за нивните сценарија! pic.twitter.com/wvvB5u7Jtq
— Искрен момак (@MomakIskre90) March 24, 2025
Никој не ве повикал, не сакаме новинари, не сакаме да не снимате, вие сте платеници, зборуваше ова лице кое не сакаше да каже кого претставува, пренесоа медиумите
Извор: Вечер