Skip to main content

Стојаноски: Со Кривичниот законик се проширува основата за инкриминација и се заострува затворската казна

Фејсбук профил на Бојан Стојановски

Во Централниот дневник на Алсат телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека Кривичниот законик ја проширува основата за инкриминација и ја зголемува казнената политика, дури и за дела сторени пред 2023 година, с евели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој закон кој е поднесен од нас е преодно решение, бидејќи во февруари месец Уставниот суд побара од Собранието да се донесе нов Кривичен законик бидејќи ако не се случеше тоа ќе се направеше еден феномен на “правна празнина“, којшто потоа сите оние кој што во овој момент одговараат или се пред судовите со вакви квалификативи ќе можеа да бидат амнестирани од одговорност. Во овој момент има два процеси во нашата држава, еден процес на овој закон којшто е преодно решение до наредната година и уште еден Кривичен законик којшто ќе биде изгласан наредната година којшто е во согласност со европската регулатива. Тоа што треба да го знаат граѓаните ќе го сумирам во една реченица, се враќаат сите правни квалификативи кои што можат да бидат инкриминирани дури и пред 2023 година и се заоструваат затворските казни“, рече Стојаноски.

Пратеникот Стојаноски посочи дека со измените во Кривичниот законик се проширува основот за инкриминација и за гонење при злоупотреба на службена должност, а воедно и дека се заоструваат затворските казни.

Само што ги поднесовме измените ние кажавме дека го прошируваме основот на инкриминација дури повеќе од 2023 година, ако споредуваме законот што важел пред 2023 година и овој, овој наш поднесен предлог повеќе ги проширува основите за инкриминација и ја заострува затворската казна. Не само што ја зголемува платформата за инкриминација и за гонење по членот 353 односно злоупотреба на службената должност и овластување, и ги заострува затворските казни, доколку некој тоа го стори“, рече Стојаноски.

Поврзани вести