Skip to main content

Стоилковиќ: Нашата сила отсекогаш била во нашата различност, а успехот во нашата способност да бидеме обединети во клучните цели

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.

– Овој значаен ден во историјата на нашата држава нѐ потсетува на заедничката волја на народот изразена на референдумот во 1991 година – за суверена и демократска држава. Независноста нè поттикнува да вложуваме постојани напори за општество засновано на еднаквост, меѓусебна почит, разбирање и солидарност меѓу сите национални заедници. Нашата сила отсекогаш била во нашата различност, а успехот во нашата способност да бидеме обединети во клучните цели, вели Стоилковиќ во честитката

Поврзани вести